Одбележување на 13 Ноември

13 Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје го одбележаа нашите ученици со низа активности. Низ предавања подготвени од наставниците ги проширија своите знаења за нашиот главен град , а тоа претставуваше поттик за да ја искажат својата љубов со креативно литературно и ликовно изразување. Нивните творби беа истакнати на училишните паноа.