Работилница „Потешкотии во учењето“

На ден 14.11.2019 година се одржа работилница за родители на тема „Потешкотии во учењето‘‘.
Голем број истражувања поврзани со детскиот развој потврдуваат дека искуството со кое децата се соочуваат во текот на раното детство претставува критичен момент за долготрајниот успех во животот воопшто. Сите деца се различни .Но, секое дете со адекватна помош може да го достигне својот максимум. Партнерскиот однос помеѓу родителите и училиштето е клучен фактор во успехот на ученикот.
Голема благодарност до родителите за присуството и за соработката.
Организатор на работилницата
Дефектолог: Снежана Миленкова