Месец на книгата

На ден 13.11.2019 година учениците од 3 -то, 4-то и 5-то одделение под раководство на одделенскиот наставник Блашка Узунска – Трајковска, извршија размена на книги изработени од учениците за учениците по повод Месецот на книгата. Учениците твореа, пишуваа акростих и пораки за книгата  и  изработуваа книги за „Книгата како наше најголемо богатство” и  „Извор на знаења” како и нејзините вредности и нејзиното  значење. Учениците заклучија дека секој човек кој барем еднаш земал книга во рака и  ја заменил со мобилен  телефон, компјутер или таблет, може да ја забележи вредноста на книгата. Секоја изработена книга учениците ја разменија помеѓу себе, а учениците беа среќни затоа што создале нешто вредно и го подариле на своите другарчиња.