Мрежен настан од Компонента „Заедница за учење

На ден 18.1.2018 година, нашето училиште ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром беше домаќин на мрежен настан организиран од Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Гости беа ОУ „Илинден” – Крива Паланка и ОУ „Прпарими” – Чегране. Целта на мрежниот настан е споделување на искуствата, постигнувањата и предизвиците од работата на развојните активности на членовите на заедниците за учење. Настанот се одвиваше од 10:00 до 13:00 часот.

Ваквите искуства водат кон подобрување на нашиот професионален развој како одделенски наставници и ширењето на воспитанието и образованието кај учениците во одделенска настава.