Обука за примена на детски списанија

На ден 29.1.2018 година, во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, во периодот од 9:00 до 17:00 часот во две групи се одржа обука на тема „Примена на списанијата за „Росица“, „Другарче“,„Развигор“ и „Наш свет“ во воспитно – образовниот процес.

Предавачи беа проф, д-р Лена Димовска, проф. Д-р Јасмина Делчева – Диздаревиќ, проф. Д-р Елизабета Томевска – Илиевска и проф. Д-р Алма Тасевска.

Од нашето училиште присутни беа речиси сите одделенски наставници како и дел од наставниците кои предаваат македонски јазик и училишниот библиотекар.

Обуката започна со воведен збор на деканот на факултетот проф. Д-р Ратко Дуев, со краток вовед и од претставник од редакцијата на Просветно дело, а потоа продолжи со обраќање на предавачите.

Обуката беше од особено значење за нас наставниците кои најчесто применуваат детски списанија во наставата со цел подобрување на читачките вештини и разбирање на прочитаното.