Интерна обука

На ден 10.1.2018 година, во нашето училиште се одржа интерна обука на тема „ Асертивната комуникација како фактор за подобрување на етосот на училиштето“. Обуката ја одржа обучувачот прф.д-р Константин Петковски,  организирана од КОУЧИНГ-Н , друштво за консалтинг и услуги.  На обуката присуствуваа сите наставници од нашето училиште, целта на обуката беше стекнување знаења и вештини за асертивно однесување и комуникација меѓу личностите , градење на интерперсонални односи кои го подобруваат духот во училиштето и неговиот вредносен систем.  Наставниците да бидат посветени и подготвени за соработка и тимска работа,  со самото тоа да се достигне реализирањето на нашата мисија, а тоа е градење на комплетна личност од секој наш ученик.