Биди херој-Рециклирај!

♻️Како и секоја година, така и оваа, со голем ентузијазам спроведовме низа активности по повод Светскиот ден на рециклирањето 🌍.
​🌱Учениците најпрво следеа едукативни презентации преку кои научија за важноста на селектирањето на отпадот и заштитата на нашата планета 📉.
🎨Потоа, својата креативност ја покажаа преку групни и индивидуални изработки, давајќи им нов живот на старите предмети .
​🖍️Најмалите ученици, пак, преку цртежи и сликовити прикази, за првпат на интересен начин се запознаа со поимот рециклирање .
✨Општ заклучок е дека децата од година во година, низ игра и истражување, стануваат сè поуспешни во своите креации и ја развиваат својата еколошка одговорност 🤝.
🌟​Ова беше уште еден поучен и исполнет ден за нашите ученици, кои покажаа дека иднината на природата е во сигурни раце! 🌈