Среќни деца, убава иднина!

Насмевнете се – 20 Март, Меѓународен ден на среќата ✨😊
💛​Среќата е насекаде околу нас – ја носиме цврсто во себе, околу себе и со себе. Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на среќата 🌍.
​✨Нашите ученици покажаа колку се среќни и открија кои се нештата што ги прават радосни. Целта е тоа преубаво чувство да им го пренесеме на сите околу нас 🌈. На овој ден, ширум светот се организираат различни настани, активности и иницијативи за промовирање на среќата, радоста и насмевката.
​🏫Така и во нашето училиште, учениците со голема љубов ја споделуваа и ја пренесуваа среќата и насмевката на секој од нас 🎈.
Да не заборавиме – насмевката е најубавиот подарок што можеме да го подариме! 🎁😊
🌟​Ова беше уште еден поучен и исполнет ден за нашите ученици, кои покажаа дека иднината на природата е во сигурни раце! 🌈