Пролетта пристигна :)

♻️На ден 18.03.2026 година, учениците од VII-3 одделение, во рамките на Програмата за општествено-хуманитарна работа, со голем ентузијазам реализираа низа активности по повод Светскиот ден на рециклирањето и доаѓањето на пролетта 🌱.
​🤝Преку креативни работилници, изработка на предмети од рециклирачки материјали и едукативни разговори, учениците ја подигнаа својата свест за значењето на зачувувањето на животната средина. Тие покажаа дека со мали чекори може да се направи голема промена, истовремено развивајќи ја својата креативност и тимската работа ✨.
🌸​Во духот на пролетта, учениците учествуваа и во активности за разубавување на училишниот простор, внесувајќи свежина, бои и позитивна енергија 🎨. Со насмевки и посветеност, тие уште еднаш потврдија дека се вистински пример за одговорни и активни млади граѓани.
​🌺Упатуваме голема благодарност до родителката Наташа Стаменова https://www.facebook.com/share/g/1HqSjgAERm/ , која ни даде несебична поддршка и инспирација за работа 🌹