Насмевнете се – 20 Март, Меѓународен ден на среќата 

Нашите ученици покажаа колку се среќни и открија кои се нештата што ги прават радосни. Целта е тоа преубаво чувство да им го пренесеме на сите околу нас
. На овој ден, ширум светот се организираат различни настани, активности и иницијативи за промовирање на среќата, радоста и насмевката.
Така и во нашето училиште, учениците со голема љубов ја споделуваа и ја пренесуваа среќата и насмевката на секој од нас
.
Да не заборавиме – насмевката е најубавиот подарок што можеме да го подариме! 


















