Професионална ориентација

🤝На ден 17.03.2026 година (вторник), во рамките на Програмата за професионална ориентација, нашето училиште го посетија ученици и професорка од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ 🏫🎓.
​Со голем ентузијазам, тие пред учениците од деветтите одделенија ги презентираа успесите, активностите и можностите што ги нуди нивната гимназија. Преку интересна презентација и разговор, нашите деветтоодделенци подетално се запознаа со:
📚​Наставните програми и насоки ;
🏆​Училишните проекти и натпревари ;
✨​Активностите и ученичкиот живот во „Корчагин“.
​Оваа средба им помогна на учениците да добијат реална слика за гимназиското образование и да ги разрешат своите дилеми околу претстојното запишување во средно училиште 🌟.