Посета на Општина Аеродром

🏫На ден 17.03.2026 година, четвртоодделенците од нашето училиште, во корелација со изучените содржини по Историја и општество, ја посетија нашата Општина Аеродром 🏙️.
🤝​Таму беа срдечно пречекани од градоначалникот Дејан Митески, кој подетално ги запозна со работата на општината и нејзините надлежности 📜.
Учениците активно поставуваа прашања, при што добија интересни и корисни одговори за тоа како се управува со една општина.
🌟​Посетата беше интересно и едукативно искуство, исполнето со нови знаења и убави впечатоци.
🌟Ваквите вонучилишни активности се од големо значење за поттикнување на граѓанската свест и одговорност кај најмладите 👨‍👩‍👧‍👦