Затоа сметаме дека времето поминато на прошетка во шума е многу важно за нашето здравје и за правилниот раст и развој. Во пресрет на пролетта, учениците од IV-1 одделение заминаа на интересна прошетка на планината Водно
.
Преку оваа активност ги поврзавме знаењата од наставните предмети: Физичко и здравствено образование, Природни науки, Македонски јазик, Историја и општество, Ликовно, Техничко и Музичко образование, Математика и СИП. Па така, на терен учевме:
Со каква опрема и облека се оди на планина
;
Кои се придобивките за нашето здравје и како да се ориентираме во просторот;
Кои се весниците на пролетта и разликата меѓу листопадните и зимзелените дрвја ;
Изработка на пролетна слика и рамки од природни материјали
;
Откривање на звуците во природата и развивање на еколошката свест
.
Сепак, најважни беа дружбата, забавата, детската игра и заедничкото време поминато во природата која сите нè сплотува. Она што за некого е малку, за овие деца денес значеше многу
.







