Шеќерна приказна во III-2 одделение

✨️ ​ Нашата училница се претвори во најслатката слаткарница! 🍭
Учениците од III-2 одделение го создадоа своето омилено ликче – „Шеќерното дете“.
​Инспирирани од прекрасната лектира на Славко Јаневски, децата ги споија часовите по македонски јазик и ликовно во една креативна авантура. Со многу труд, малку фантазија и голема помош од нашите вредни мајки, Шеќерното дете навистина оживеа.😊
🧁 ​Додека твореа, учениците со радост се потсетуваа на неговите авантури и разговараа за неговите добри особини.
Овој ден ни покажа дека учењето е најубаво кога се забавуваме и создаваме заедно.
​Понесовме насмевки и срца полни со слатки спомени! 🍩🍭