Со голема радост Ве известуваме дека по повод Денот на мајчиниот јазик, нашата ученичка Ева Савеска од IV-2 одделение беше наградена за својата литературна творба „Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет“.
Конкурсот го организираше и распиша ООУ ,,Блаже Конески”за учениците од нашата општина.
Горди сме на нејзиниот успех и ѝ посакуваме уште многу награди и инспиративни творби во иднина!