Почитувани родители, Директорката на училиштето г-ѓа Даница Соколова заедно со сите вработени Ви изразува голема благодарност на сите кои со својата посветеност и љубов учествувавте во работилниците за подготовка на новогодишните пакетчиња.
Благодарение на вашата заедничка работа, труд и хуманост, беа собрани околу 270 пакетчиња кои денес беа донирани во Хуманитарната организација ,,Св. Спас”. Веруваме дека сите пакетчиња ќе донесат радост и надеж на оние на кои им се најпотребни.
Вашиот пример покажува дека кога сме обединети во добра намера, можеме да создадеме вистинска празнична магија и да направиме големо добро.
Ви посакуваме празниците да ви донесат топлина во срцата и празничен мир во Вашите домови.