Посета на Здружение на пензионери „Солидарност‘‘ ,Огранок Горно Лисиче-Општина Аеродром

👉 На ден 26.12.2025 година, по повод претстојните празници, се оствари средба помеѓу претставници од училиштето и ученици и пензионери од Здружение на пензионери „Солидарност‘‘ ,Огранок Горно Лисиче-Општина Аеродром.
📮Средбата беше реализирана со цел подарување на честитки и упатување желби за среќни и радосни новогодишни и божиќни празници. Настанот помина во пријатна и топла атмосфера, исполнета со меѓусебна почит и дружење.
👨‍🦳👩‍🦳Средбата на учениците со пензионерите претставува значајна можност за поврзување на искуството и младоста. Преку разговори, споделување животни приказни и заеднички активности, учениците учат од животното искуство и мудроста на постарите, додека пензионерите ја чувствуваат енергијата, љубопитноста и креативноста на младите.
😊 Овие средби поттикнуваат меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу генерациите.