Дедо Мраз дојде со воз

Денес  25.12.2025 год. учениците од  IV-1. IV-2, IV-3, V-1.V-2  и V-3 присуствуваа на новогодишен специјален театарски , едукативен и интерактивен настан ,,Дедо Мраз дојде со воз”. Учениците ги посетија:

  • МУЗЕЈСКАТА ПОСТАВКА НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
  • ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА
  • ДОЧЕК НА ДЕДО МРАЗ НА ПЕРОН БР.1
  • ДРУЖБА СО ДЕДО МРАЗ
  • НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ ОД НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

На забавен начин претставата  ни ги прикажува патешествијата  со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје.

Најпрво во Музејските простории учениците ги гледаа уникатните артефакти за историјата на Македонски Железници, а потоа предводени од елените, снешко, џуџињата и други волшебни ликови се сместуваат во театарскиот дел и ја следат претставата. Потоа по специјално украсени скалила се упатија на перонот бр.1 каде се дружат со Дедо Мраз и неговиот волшебен новогодишен воз. Го пречекуваат, поздравуваат, пеат новогодишни песни и на крај добиваат новогодишно пакетче. Се возат во возот и уживаат во секој миг.