По повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, беше објавен литературен и ликовен конкурс од Народна банка и Министерството за финансии, за учениците од основното и средното образование на тема „ Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина”.
Во категоријата „Награди за најдобра литературна творба ‒ песна за учениците од I до V одделение, прва на ранг листата беше нашата ученичка Ива Ристовска од III– 2 одделение, под ментортво на наставничките Христина Анѓелеска и Маја Митевска Гигова. Како награда на нејзината штедна книшка беа префрлени парични средства.
Денес, во просториите на Народна банка беше доделена наградата од страна на гувернерот на банката д-р Трајко Славевски и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.
По доделувањето на наградите и дипломите на сите наградени ученици, имавме можност да го посетиме и Музејот на Народна банка.
Честитки за наградата Ива, да редиш уште многу успеси и ти, а и сите другарчиња од нашето училиште.





