Одбележување на 3 Декември- ,,Меѓународен ден на лицата со попреченост”

Меѓународен ден на лицата со попреченост- ден кој е секогаш инспирација за нашите ученици да ги покажат своите големи срца преку уметност, збор и заеднички игри. Секој цртеж и секој стих нижат значајни чекори кон рушење на бариерите и градење свет во кој нема „други“, туку само „ние“. Горди сме што во нашето училиште градиме средина полна со љубов и поддршка, каде што секоја насмевка е важна и секое другарче е бесценето!