Биди другар,биди инклузивен

Кампања ,,Здрава храна за сите!”

Нашето училиште под ова мото денес, а и во пресрет на 3 Декември, ги започна активностите како дел од програмата за Заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост.

На гости ни дојдоа Slow Food, кои се залагаат за одржлива и здрава храна базирана на зачувувањето на биодиверзитетот и традицијата.

Својата мисија ја реализира преку едукација и кампањи, како што и денес на Нас и Нашите гости од ОУРЦ “Златан Сремац” ни зборуваа што е органска храна и што е органско производство, а на крај и не засладија со здрави органски мармаладчиња.

Нашите ученици уште еднаш ја покажаа својата емпатичност, креативност и искрени желби да се помогне, да се биде другар и им покажаа на дечињата од ОУРЦ Златан Сремац низ низа активности изработки од овошје и зеленчук.

Ви благодариме на сите за учеството и се радуваме за сите идни активности.