
По повод одбележувањето на 5 Октомври – Меѓународен ден на учителот, во нашето училиште беа реализирани различни креативни активности.

Учениците преку цртежи и пораки ја изразија својата благодарност и почит кон учителите за нивниот труд, посветеност и значајна улога во образованието и воспитувањето на младите генерации.
Активностите поминаа во позитивна и креативна атмосфера, исполнета со радост, љубов и детска искреност.

Со одбележувањето на овој ден уште еднаш ја истакнавме важноста на учителската професија и нејзината улога во градењето на знаењето, вредностите и иднината на секое дете.
,,Од учителот започнува секоја голема приказна.’’
