Ден на учителот – Признание кое инспирира!

По повод Денот на учителот, денеска со огромна радост и гордост споделуваме дека нашата драга колешка, Магдалена И. Трајковска, е добитничка на престижно признание за најдобар наставник!

​Ова признание е потврда за нејзината посветеност, љубовта кон учениците, иновативниот пристап во наставата и секојдневниот труд кој го вложува во градењето на идните генерации.

​Магдалена, ти благодариме за секоја насмевка и за личниот пример што го даваш секој ден.

Ти посакуваме уште многу професионални успеси и инспиративни моменти во училницата!