Работилница Црвен крст

🏥На ден 11 март 2026 година, во нашето училиште беше реализирана работилница од страна на волонтери од Црвениот крст . Работилницата беше наменета за учениците од VII одделение, кои се дел од групата за Општествено-хуманитарна работа.
​✨Целта на работилницата беше учениците да се запознаат со мисијата, вредностите и активностите на Црвениот крст, како и со значењето на хуманоста, солидарноста и доброволното помагање .
​🤝Претставниците на Црвениот крст, преку интерактивна презентација и разговор, ги запознаа учениците со основните принципи на организацијата, историјатот на нејзиното настанување, волонтерството и различните хуманитарни акции во заедницата . Исто така, учениците дознаа и како можат и самите да станат волонтери.
​📝Учениците активно учествуваа во дискусијата, поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања, а на крајот од работилницата беше спроведен и интересен квиз .
​Работилницата помина во пријатна и мотивирачка атмосфера 🌟. Ваквите активности придонесуваат за развивање на чувството за одговорност и солидарност кај младите, поттикнувајќи ги да бидат активни и хумани членови на нашето општество 🕊️.