Главната цел на оваа работилница беше преку моќта на пишаниот збор да се подигне свеста кај младите за последиците од врсничкото насилство (булинг). Специфични цели кои беа вклучени се:
Развивање емпатија преку анализа на книжевни ликови
;
Промовирање на библиотеката како „безбедна зона“ за дијалог
На работилницата беше прикажана презентација за развојот на книгата и за нејзиното значење низ годините. Потоа се дискутираше за кратки мисли за книгата, при што секој ученик имаше можност креативно да се изрази .
Во централниот дел од работилницата, учениците преку литературата за млади, поточно преку делото „Големи и мали“ од македонскиот писател Бошко Смаќоски, ги анализираа книжевните ликови и развиваа емпатија кон нив.



