На ден 15.10.2025 год.во соработка со НВО САНО со поддршка на Бирото за развој на образование и наука во училиштето се организираше работилница со ученици од IV-V -4 и V 1 одделение на тема:
,,Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување ‘‘како дел од проектот на МОН -,,Воведување на формално образование за децата на подолготрајно лекување во болнички или домашни услови”.
Проект кој е од особен интерес за децата особено за оние што се на подолго лекување, но и за зајакнување на меѓуученичките капацитети кога станува збор за другарство, емпатија, поддршка и прифаќање на различностите.
Предавач на работилницата :м-р Маја Георгиева Павловски




