Емоција, еден од важните елементи на емоционалното здравје кај секоја личност. Децата уште од најмала возраст ( една година) почнуваат да покажуваат емоции без разлика дали ние ги сфаќаме или не, но почнуваме да им возвраќаме. Се сеќавате на моменти кога сте се намуртиле или сте му се развикале на вашето дете дека ја фрлило играчката? Тоа е емоција.
Децата ги искажуваат своите емоции на различен начин, а ние сме тие кои треба да ги препознаеме. Многу е важно уште од најмала возраст децата да ги научиме како да ги препознаваат и контролираат своите емоции. Но, од кого тоа треба да го научат, се разбира од своите родители уште од најмала возраст, за подоцна да продолжат во предучилишните и училишните установи..
Затоа во нашето одделение IV-1 секојдневно работиме на емоционалното здравје и препознавање на чувствата (среќа, лутина/ бес, тага, страв, возбуда, емпатија, завист, љубов итн.) кај секој од нас. За полесно да ја препознае секое дете својата емоција ни помогна психологот Марија Конеска со својата работилница на ден 15.10.2025 год.
Децата преку презентација, игра, разговор ги искажуваа своите чувства, учеа како да ја препознаат својата емоција, како да се справат со истата, заклучија дека во ред е да се чувствуваат како што се чувствуваат, но и да научат како да се справат со одредена емоција.
Огромна благодарност до психологот Марија Конеска што и како родител и како психолог несебично во секое време е подготвена за совет и соработка, се разбира се во интерес и за доброто на нашите деца.



