Во периодот од 12 до 15 мај беше реализирана настава во природа со учениците од петто одделение.
Во ова четиридневно патување учениците го посетија Бигорскиот Манастир, Вевчани, Струга, Природно научниот музеј во Струга, Самоилова тврдина, Св.Јован Канео, Плаошник, Античкиот театар, Црквата Св. Софија, Охридската чаршија, Билјанини Извори, Заливот на коските, Манастирот Св. Наум Охридски, Крушево, Спомен куќата на Тоше Проески, гробот на Тоше Проески, Споменичкиот компплекс „Илинден“.
Се запознаваа со природното, културното и историското наследство со што им се разви љубов и почит кон татковината, кон нејзините убавини и историското минато. Преку едукација, другарување, рекреација и прошетки , учениците се социјализираа, им се продлабочи пријателството, чувството за припадност во групата, нивната самостојност и одговорност.
Оваа екскурзија одигра важна улога во развојот на личноста на учениците, ќе остане трајна вредност и долготраен убав спомен од нивните ученички денови.
Одговорни наставници: Тајна Јовановска, Блашка Узунска Трајковска и Сузана Павловска.


























