На ден 14.5.2025 се реализираше еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение.
Со учениците ја посетивме Лешочка манастирска обител – прекрасно и духовно богато место. Манастирот, опкружен со мирна природа и историја, е познат не само по својата архитектура, туку и како вечен дом на еден од нашите најголеми просветители – Кирил Пејчиновиќ.
Токму тука е неговиот гроб, скромен, но значаен симбол на македонската културна историја. Кирил Пејчиновиќ е автор на првите дела на народен јазик и борец за просвета и духовност. Во 2022 година е прогласен за светец – Свети Кирил Лешочки.
Децата имаа можност да слушнат за неговото дело и живот, а оваа посета беше и образовна и инспиративна за сите нас.















