Светски ден за заштеда на енергија

На ден 5.3.2020 година, во нашето училиште беше одбележан Светскиот ден на заштеда на енергија. Учениците од одделенска настава проследија предавање и презентација подготвено од нивните наставнички за енергијата, извори на енергија , за важноста на електричната енергијата за модерното живеење, за невозможноста да се замисли еден ден без електрична енергија, без осветление, телевизија, интернет,радио…Но често не се внимава како се троши електричната енергија и за таа цел им беа дадени корисни совети на учениците за поддигнување на свеста од најмала возраст како да ја штедат електричната енергија, а и советите кои ги усвоија на часот да ги пренесат на своите родители, со цел да се подигне квалитетот на живот во нивните семејства. Учениците цртаа, изработуваа ветерници , работеа во групи и пишуваа совети како правилно да се однесуваме со секој електричен апарат во домот.