Активности посветени на мајката – меѓуетничка интеграција

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција како и добиениот грант за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција, на ден 5.3.2020 година во училиштето активот на 5 одделение спроведе планирана активност.
Активноста се состоеше од учење стихови на македонски и албански наставен јазик како и изработка на осмомартовски честитки од натпреварувачки карактер. Целта на активноста беше пеење песни по слух различни по содржина и карактер, дизајнирање осмомартовски честитки и развивање чувство за емпатија кон другите и различните.
На часовите владееше опуштена работна атмосфера, учениците се дружеа и ги истакнаа своите позитивни доживувања со желби за понатамошмни повторни заеднички средби.

Одговорни наставници
Тања Јовановска
Блашка У. Трајковска
Сузана Павловска
Мара Кристо