Предавање за учениците од прво одделение

На ден 4.12.2019 година, среда, се одржа предавање од страна на стручни лица од амбулантата „Лисиче“ на следниве теми „Градба и функција на оралната празнина“ и „Правилна исхрана и контрола во внес на шеќери“. На предавањето учествуваа сите ученици од прво одделение (I-1, I-2 и I-4 ). Докторите кои беа задолжени за предавањето, преку практични примери , ги запознаа учениците со бројот на млечните и трајните заби и потеклото на нивните имиња- Млечни и Трајни, и општо учениците се запознаа со функцијата на оралната празнина. Потоа преку примери , прашања и одговори се истакна употребата на здравата храна и на придобивките од неа кога станува збор за оралното здравје и здравјето на целото тело.