Посета на кино

На ден 03.12.2019 год. учениците од 2- ро,3 – то,4 –то и 5 -то одделение од Централното училиште ООУ ’’Гоце Делчев” Г.Лисиче заедно со своите наставници, согласно планирањата од годишната програмата за Медиумска култура го посетија детскиот филм „FROZEN” кој се прикажуваше во киното Милениум. Целта на посетата е да се поттикнуваат учениците да следат настани во филм и да се оспособува да го раскажува дејството на филмот. Посетата беше успешно реализирана.