Квиз натпревар организиран од Противпожарен сојуз Аеродром

Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром организираше ,, Квиз натпревар”  од областа на противпожарна заштита за учениците од основните училишта на Општина Аеродром. Натпреварот се одржа  на 5.11.2019 г. во ООУ „Лазо Ангеловски“ а учествуваа сите училишта од општината. Нашето училиште го освои третотот место на натпреварот. Нашиот тим го претставуваа Анастасија Богојевска, Елена Рангелова и Филип Атанасовски  под менторство на наставничката Лидија Манаскова.