Меѓународен ден нa храната

По повод Меѓународниот ден на храната, 16 октомври, во ООУ „Гоце Делчев“ Општина Аеродром се одржa двочасовна акција именувана „За малите да пораснат големи – јади паметно, јади здраво“.
Целта на акцијата беше запознавање со подготвувањето здрави намази кои позитивно влијаат на здравјето на децата.
Акцијата се спроведе од 13:00 до 15:00 часот. Двочасовната акција се спроведе со изработка на намази, и здрави лепчиња кои учениџите вешто ги подготвуваа и разменуваа со своите ученици. Насмеани детски лица и задоволни дечиња беа доказ за успешно спроведената акција. Целта е остварена. Учениците научија како да си подготват здрав појадок и колку здравото хранење позитивно влијае на здравјето.

Одговорен наставник
Тања Јовановска