Регионален натпревар по математика 2019 година

На ден 13.4.2019 година се одржа регионалниот натпревар по математика за учениците од IV до IX одделение. Нашето училиште беше домаќин за регионот Аеродром, земаа учество ученици од осумте општински основни училишта. Од нашето училиште учествуваа 5 ученици, од нив со прва награда се закити Андреј Карафиловски од IV 1 одделение , ментор Сања С. Атанасовска , со втора награда Марко Ацковски од IV 3 одделение, ментор Сузана Павловска, со втора награда Димитар Димитров од VII1 и Катерина Koтеска VIII 3 пофалница , ментор Ангелина Илиевска.

Благодарност до Директорката Бистрица Станковска за укажаната доверба и поддршка. Благодарност до одговорниот наставник за организација Ангелина Илиевска ,тимот од наставници и стручната служба, кои помогнаа за беспрекорна реализација на натпреварот.