ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

На ден 3.5.2019 во нашето училиште се одбележа 116 годишнината од смртта на нашиот Патрон Гоце Делчев.  По тој повод  беа организирани низа активности во нашето училиште. Најнапред пред бистата на Великанот се одржа историски час на кој беше прочитан реферат  посветен на животот и делото на Делчев. Потоа  беше положено свежо цвеќе од страна на директорката  Бистрица Станковска и училишната  стручна служба, ветерани произлезени од првите генерации на нашето училиште и претставници  од општината. Исто така беа доделени пофалници на ученици кои освоиле награди на општински и регионални натпревари  како и на конкурсот по повод  Патрониот празник, заслужни за проморивање  на нашето училиште.  Од таму сите ученици , вработени и гости  ја проследија приредбата, која најнапред со пригоден говор ја отвори нашата Директорка  која  говореше  за постигнатите успеси на нашето училиште . На приредбата  се претставија учениците од драмска секција, ритмичка секција како и хорот на училиштето.  После приредбата  талентирани ученици     твореа  во областа на литература и ликовна уметност . Исто така и ликовната секција од проектот „ Меѓуетничка интеграција на младите во образованието “ составена  од ученици од македонска и албанска националност твореа  заеднички.  На игралиштето  истовремено  се одиграа и  спортски натпревари   во фудбал и одбојка. Се одржа и квиз натпревар каде ученици од „Ѓорѓија Пулески“ и „Љубен Лапе“ како  и од  „Гоце Делчев“ ги покажаа своите знаења од областа на географија и историја.  Во сите активности  активно учество земаа  и ученици претставници од сите училишта од општина Аеродром  заедно со нивните наставници ментори. За своето учество и придонес во патронатот на нашето училиште  учениците од другите училишта добија благодарници и беа  наградени со книги.