Регионален натпревар по музичко образование

На ден 24.4.2018, во ООУ ,,Љубен Лапе”, се одржаа регионалните натпревари по Хор, Оркестар, Вокални интерпретатори, и инструментални интерпретатори.
ООУ ,,Гоце Делчев” Аеродром- Скопје, зема учество со хорот и вокалните интерпретатори: Кристина Градовчанска и Теона Ристеска, под менторство на наставничката Марија Андонова.
Хорот освои второ место со 87 бода, додека ученичката Кристина Градовчанска (IX 2), освои трето место со 71 бод и ученичката Теодора Ристеска, освои прво место со 93 бода.
Честитки до сите ученици