Државен натпревар „Зелен транспорт“

По повод државниот натпревар за изработка на дела од тетрапак амбалажа, одделенскиот наставник на III – 1 одделение во улога на ментор, Тања Јовановска, заедно со нејзиниот тим од ученици Евгенија Василевска, Андреј Карафилоски, Дамјан Кузмановски, Павел Јакимовски и Филип Петрески го изработија своето уметничко дело – ПОДВИЖНА ЖИРАФА. Делото е на тема „Зелен транспорт“, а жирафата претставува иновативен транспорт за манипулативи во рамките на училишните простории. Во изработката помогнаа и родителите со кои се одржаа три тричасовни работилници. „Големата жирафа“ – мајка, е со придружба на нејзиното малечко. Големата жирафа е со тежина од 3, 5 кг, а малата тежи 1, 5 кг. Во моментот жирафите служат за транспорт на 9 сликовници работени по 9-те еколошки теми.
Натпреварот е организиран со времетраење од 1 училишна година, а конкурсот е во месец мај и го организира Здружението на граѓани ОХО чија основна цел е развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај учениците, наставниците, вработените во училиштето и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

Одделенски наставник
Тања Јовановска