II 2 одделение – „Правилно однесување“

На ден 16.2.2018 година во II 2 одделение се одржа работилница на тема „Правилно однесување“ како дел од работилниците и обуките од „ Центар за развој, едукација и советување – МАША МАРИЈА“ од програмата „ Образовни вредности“. Истата беше дел од програмата на училиштето за вклучување на родителите во воспитно образовниот процес(родителот наставник). Целта беше да се развие соработката со родителите и да се придонесе во развојот на личноста на учениците.