Патување со воз

На 13. 2. 2018 година учениците од V одделение имаа возбудливо патување со новиот воз на Македонски железници. Патувањето започна од железничката станица Лисиче и продолжи до Велес. Целта на патувањето беше запознавање со природното и културното богатсво на нашата татковина и подетално запознавање со копнениот сообраќај кој се одвива по линиска инфраструктура.
Учениците со големо внимание ги набљудуваа природните убавини, а по пристигнувањето во градот Велес го посетивме Народниот музеј каде бевме запознаени со дел од историјата на XIX век па се до ослободувањето во 1944 година. Во него ни беа преставени дејностите на нашите херои преку фотографии, документи, предмети. Исто така, преку етнолошката збирка бевме запознаени со севкупниот живот во Велес во минатото.
Попатно го посетивме и разгледавме новиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ , прошетката ја завршивме со молитва и убава мисла во црквата „Свети Кирил и Методиј“.