Прием на првачиња

На ден 4.9.2017 година во ООУ „ Гоце Делчев “ се одржа свечен прием на првачињата. Најубавиот, најочекуваниот и најпосакуваниот ден на секое дете е денот кога за прв пат ќе го пречекори училишниот праг, ден кога во нивните животи започнува ново поглавје, нов долг пат по кој храбро треба да чекорат! Директорот на училиштето, господин Аександар Кузмановски им посака многу успех во учењето, радост, игра и знаење.

Сликата може да содржи: еден или повеќемина и луѓе на сцена