Детска недела 2017

 

Детската недела за 2017 година се одбележа од 2 до 6 октомври под мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви!“.

По тој повод денес во нашето училиште се изведе културно – уметничката манифестација во која учениците подготвија разновини рецитали, драматизации, ритмички точки, хорчиња со кои им посакаа свечено добредојде на најмалите во Детската организација.

Овој ден беше посветен на првачињата бидејќи претставува ден кога тие за прв пат влегуваат во Детската организација, кога ќе се запознаат со своите детски права. Денес тие го добија својот детски пасош за влез во Детската организација како и беџот-знак за нивно препознавање.

Сите заедно им изрзивме честитки за влегувањето на првачињата во Детската организација со желби да бидат сигурни во себе, толерантни, храбри, праведни, да делат, да почитуваат, да бидат искрени!