Нов успех, нов проект Erasmus + „Инклузивни системски модели за подобрена транзиција на учениците меѓу образовните нивоа“

🇪🇺 ООУ „Гоце Делчев“ е дел од Еразмус+ проектот во Општина Аеродром вреден 400.000 евра! 🇪🇺
​Со огромна гордост споделуваме дека нашето училиште е дел од новиот значаен Erasmus+ проект на Општина Аеродром, вреден 400.000 евра – најголемиот грант во рамките на новата европска акција КА240!
​Договорот официјално го потпишаа градоначалникот Дејан Митески и директорката на Националната агенција, Ана Михајлов. Општина Аеродром е координатор на проектот, кој се реализира во партнерство со образовни институции од Италија и Хрватска.
​Проектот „Инклузивни системски модели за подобрена транзиција на учениците меѓу образовните нивоа“ е насочен кон:
​Современи методи на учење и нови дигитални алатки;
​Посилна поддршка за учениците и стручно усовршување на наставниците;
​Подобра соработка меѓу градинките, училиштата и родителите;
​Размена на искуства со европски партнери.
​Продолжуваме заедно да градиме европско, модерно и инклузивно образование за секое дете! 💙🏫