Со огромна гордост споделуваме дека нашето училиште е дел од новиот значаен Erasmus+ проект на Општина Аеродром, вреден 400.000 евра – најголемиот грант во рамките на новата европска акција КА240!
Договорот официјално го потпишаа градоначалникот Дејан Митески и директорката на Националната агенција, Ана Михајлов. Општина Аеродром е координатор на проектот, кој се реализира во партнерство со образовни институции од Италија и Хрватска.
Проектот „Инклузивни системски модели за подобрена транзиција на учениците меѓу образовните нивоа“ е насочен кон:
Современи методи на учење и нови дигитални алатки;
Посилна поддршка за учениците и стручно усовршување на наставниците;
Подобра соработка меѓу градинките, училиштата и родителите;
Размена на искуства со европски партнери.
Продолжуваме заедно да градиме европско, модерно и инклузивно образование за секое дете! 




