Заедно до почист и поубав град

Нашите ученици се приклучија на акцијата за чист град!

Учениците од I до IX одделение активно се вклучија во акцијата за чистење на градот преку уредување и чистење на училишниот двор и околината на училиштето.

Со заеднички труд, одговорност и грижа за животната средина, нашите ученици покажаа дека секој од нас може да придонесе за почиста, поубава и поздрава средина.

Благодарност до сите ученици и наставници за нивниот ангажман и придонес!

Заедно создаваме почиста средина и град со кој сите можеме да се гордееме!