Пролет мила, пролет драга…

🌸 По повод одбележувањето на Денот на пролетта 21 Март, учениците од нашето училиште заедно со своите наставници и во соработка со родителите, традиционално го одбележаа овој ден со најразлични активности.
🌼 Во училишниот двор се засадија цвеќиња и се реализираше акција за негово уредување и чистење. Учениците ја изразија својата креативност преку ликовно и литературно творење, а нивните изработки ќе ги красат училишните паноа.
🌱 Целта на овие активности е подигнување на еколошката свест, развивање култура за зачувување на животната средина и создавање здрава и чиста околина за сите.
💚 Им благодариме на сите учесници кои се вклучија, покажаа голем интерес и дадоа свој придонес за успешна реализација на активностите.