
На ден 13.3.2026 година во II-3 и IV-3 одделение беше реализирано предавање од родителот Александра Андреевска Јовчевска, магистер по фармација, на тема „Фармацијата како професија“.

Во текот на предавањето, предавачот им објасни на учениците што претставува аптеката и која е нејзината улога во грижата за здравјето.

Учениците имаа можност да се запознаат со производите што може да се најдат во аптеките, како и со лицата кои работат таму и нивната важна улога.

Преку интересно и на возраста прилагодено излагање, учениците стекнаа основни знаења за професијата фармацевт, како и за лековите и нивната правилна употреба.


Предавањето беше проследено со големо внимание, заинтересираност и активно учество од страна на учениците.

Ова предавање беше корисно и едукативно и значително придонесе за проширување на знаењата и видиците на учениците.