Природата е наш пријател…

🌿Врската меѓу човекот и природата е нераскинлива. Затоа децата уште од најмала возраст треба слободното време повеќе да го поминуваат на отворено, односно во природа.
🏃‍♂️Предизвикот со кој се соочуваме кај новите генерации е тоа што децата имаат сè помалку време за истражување, за игра надвор и за шетање. Токму играта е таа која им дозволува на децата да се пронајдат себеси, да откријат какви личности се и да увидат што е добро, а што не 🍃.
​🏔️ Затоа сметаме дека времето поминато на прошетка во шума е многу важно за нашето здравје и за правилниот раст и развој. Во пресрет на пролетта, учениците од IV-1 одделение заминаа на интересна прошетка на планината Водно ☀️.
​📚 Преку оваа активност ги поврзавме знаењата од наставните предмети: Физичко и здравствено образование, Природни науки, Македонски јазик, Историја и општество, Ликовно, Техничко и Музичко образование, Математика и СИП. Па така, на терен учевме:
🌲Како да се снаоѓаме во природа и што означуваат знаците на дрвјата за ориентација ;
​🎒Со каква опрема и облека се оди на планина 🥾;
​🧭Кои се придобивките за нашето здравје и како да се ориентираме во просторот;
​🌱Кои се весниците на пролетта и разликата меѓу листопадните и зимзелените дрвја ;
🌸​Како да препознаеме бессемени, голосемени и скриеносемени растенија;
​🖼️Изработка на пролетна слика и рамки од природни материјали 🎨;
​🎶Откривање на звуците во природата и развивање на еколошката свест ♻️.
​Сепак, најважни беа дружбата, забавата, детската игра и заедничкото време поминато во природата која сите нè сплотува. Она што за некого е малку, за овие деца денес значеше многу ❤️.