По повод Светскиот ден на ретки болести, во V- 3 одделение во подрачното училиште, се одржа едукативна презентација и работилница под мотото ,,Ретко е да си редок“, со цел подигнување на свеста за ретките болести, нивно навремено препознавање и значење на поддршката за лицата кои живеат со нив.
Предавањето и работилницата ги реализираше доктор Бобан Блажевски од ПЗУ„Калинка Медикал“-Долно Лисиче.
Преку интерактивна презентација, докторот ги запозна учениците со тоа што претставуваат ретките болести, со предизвиците со кои се соочуваат пациентите и нивните семејства, како и важноста од рана дијагноза,соодветен третман и општествена поддршка.
Во рамките на работилницата, учениците активно учествуваа со прашања, дискусија и кратки активности преку кои развиваа емпатија, солидарност и разбирање кон лицата со ретки болести. Настанот помина во позитивна атмосфера и голем интерес од страна на учениците.
Благодарност до нашиот доктор Боби!






